Струшкиот фестивал N-H // LON го најавува своето прво издание и објавува конкурс за видео арт артисти

- Забава, Локални
216

Фестивалот на дигитални уметности N-H//LON оваа година во Струга ќе го има своето прво издание и има за цел да ги афиримира современите форми на изразување и креирање како видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D мапинг, мастер класови кои ке третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз на нашето време.

Ancient Methods (Persephosonic Sirens / aufnahme+wiedergabe) Berlin/DE

Ancient Methods (Persephosonic Sirens / Aufnahme+Wiedergabe)Пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика. Препознатливиот библиски симбол на Ancient Methods – Хорните на Ерихон истовремено алудираат на масивната кинетичка сила присутна во неговата музика, но и на светата моќ на музиката да ги уништува ѕидовите, границите и предрасудите помеѓу луѓето. Наша огромна чест е да го најавиме неговиот настап на Енхалон фестивал, не само како гигант на техно музиката и еден од најзначајните DJ-и на денешницата, туку и како креативен, морален и соничен патоказ на нашите заложби, визии и надежи за музиката и културата во Македонија.

Gepostet von N-H // LON Festival am Mittwoch, 10. April 2019

Технологијата и дигиталните медиуми како алатки на современиот уметник даваат простор за создавање на нова генерација автори кои творат во духот на ова време. Со таа цел фестивалот како партнер и подржувач на македонската независна сцена објавува отворен повик на кој ќе можат да се пријават домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси.

Краен рок на пријавување: 05.05.2019 Недела.

Вашата кратка биографија и опис на делото пратете ги на следната адреса: [email protected] со назнака: КОНКУРС ЗА ВИДЕО АРТ ПРОГРАМА

Како хедлајнер на музичката програма е најавен берлинскиот ДЈ и продуцент Ancient Methods – Пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика.

StrugaOnline

Facebook Коментари