Струшкиот бенд „No Problem“ старите народни македонски песни ги претвора во одлични рок композиции

- Локални, Музика
1485

Ви го претставуваме бендот „No Problem“ кој својата музичка уметност ја негува повеќе од десет години. Бендот го сочинуваат тројца млади и перспективни музичари. Вокал и гитарист е Коста Костоски од Вевчани. Коста е дипломиран соло пејач и за него музиката е професија, а не само хоби. Истата страст кон музиката и прфгесионален пристап го негуваат и Almir Bajramsky – клавијатурист и тапанар кој е исто така дипломиран  на Музичката академија во Скопје, отсек  музичар- теоретичар, а воедно е и наставник по музичко образование. Bajramsky е композитор на класична, филмска и театарска музика. Третиот член на бендот е Томе Мурџески кој свири бас гитара и исто така има музичко образование.

„No Problem“ започнаа креативен музички проект чија цел е преработка на стари народни македонски песни во рок верзии. Првата преработка е веќе направена за познатата песна „Јовано Јованке“ во аранжан на Коста, гитаристот на бендот.

Вториот дел од овој проект опфаќа снимање cover верзии. Првиот cover е снимен за песната „Home Sweet Chicago“ во соработка со Томче Шутиноски video production.

„No Problem“  прават одличен спој на изворното и модерното во музиката како софистицирана уметност.

Strugaonline

Facebook Коментари