Струшкиот турнир ќе се одржи без публика, натпреварите ќе ги пренесува МТВ 3

- Локални, Спорт
480

Четриесет и осмото издание на Струшкиот ракометен турнир што ќе се одржи од 12-ти до 16-ти август ќе се игра без публика. Трибините  на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ ќе останат празни поради превенција од ширење на вирусот КОВИД 19, а сите љубители на ракометот натпреварите од вечерните термини ќе можат да ги следат на спортскиот канал МТВ 3. Ќе се пренесуваат натпреварите што ќе се играат во 19:30 часот и 21:15 часот.

Пандемијата оваа година го спречи и учеството на странски екипи , па затоа, силите ќе ги одмерат домашните екипи Вардар, Охрид, Бутел , Еурофарм Пелистер 2 во едната група  и домаќинот Струга, Прилеп, Еурофарм Пелистер по овој распоред. 

Strugaonline

Facebook Коментари