Струшките џудисти освоија 11 медали на два натпревари во Грција и Црна Гора

- Локални, Спорт
415

Уште еден викенд во низа за паметење за Џудо Клуб ДРИМ Струга . Струшките џудисти овој пат oсвоија 11 медали  на два Меѓународни натпревари, односно 9 златни, 1 сребрен и 1 еден бронзен медал.

 На Меѓународниот натревар Аминдео во Грција учестуваа  Дарио Стојанов,  Божидар Коцев, Софија Матлиоска, Ајлин Бајрамоска, Леон Салви, Сергеј Блажески, Лука Трца и  Дарко Антониевски и сите освоија златни медали.

На Меѓународниот натпревар во Подгорица, Р.Црна Гора учествуваа шест џудисти од кои се медал се закитија: Мартина Салви -златен медал, Мила Стојанова бронзен медал и  Анамарија Стојмиловска сребрен медал. Михаил Недески, Јован Наумоски, Матеј Димитровски прикажаа одлични и храбри борби но не успеаа да се закитат со медал.

Strugaonline

Facebook Коментари