Струшките џудисти освоија 15 медали на државното првенство во Скопје

- Локални, Спорт
476

ЏК Дрим- Струга освои 15 медали на Државното првенство за сениори и пионери што викендов се одржа во Скопје.

Струшките џудисти во категорија сениори освоија три златни и четири бронзен медали. Пионерите освоија еден златен, два сребрени и четири бронзени медали.

,,Најзабележителн настап имаа сениорите: Андреј Чакаровски, Христијан Глогороски  и Анамарија Стојмиловска,  тие своија златни медали и се стекнаа со титулата -сениорски државен првак. Кај пионерите Амар Бајрамоски беше неприкосновен освојувајќи го златниот медал. “-информираат од клубот.

Оттаму упатија честитки до Елеонора Јосифоска, Јован Наумоски и Давид Трајаноски, освојувачи на сребрен медал и Марио Нелоски, Драгица Рафтоска, Андреј Симоноски, Катерина Клењоска, Анастасија Трајческа, Матеј Балоски, Давид Спироски и Мила Стојмиловска,освојувачи на бронзен медал.

Strugaonline

Facebook Коментари