Струшките џудисти освоија четири медали на Меѓународен натпревар во Прилеп

- Локални, Спорт
128

Џудо клубот „Дрим“ од Струга, на 6-ти октомври учествуваше на Меѓународниот натпревар „Прилеп град херој“ -Цевитана куп.

Во конкуренција од околу триста и дваесет натпреварувачи, струшките џудисти освоија четири медали и тоа: два златни, еден сребрен и еден бронзен. Од Прилеп, злато во Струга донесоа Христијан Глигороски и Анамарија Стојмиловска. Со сребрен медал се закити Амар Бајрамовски, а бронзен медал освои Драгица Рафтоска. На ова натпреварување учествуваа и стружаните Петар Дуноски, Елин Селими и  Давид Танаскоски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари