Струшките џудисти освоија два медали на Меѓународен натпревар во Романија

- Локални, Спорт
352
Изминатиов викенд,  Џудо Клубот Дрим од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “CUPA DROBETA” во Дробета Турну Северин, Романија каде учествуваа 400 натпреварувачи од седум држави.
ЏК Дрим зеде учество со пет натпреварувачи.
Со медал се закити
-Анамарија Стојмиловска -44кг второ место
-Христијан Глигороски -81кг трето место
Одлични борби прикажаа и Андреј Вељаноски,Андреј Симоноски и Васко Кицески но не успеаа да се закитат со медал .

Facebook Коментари