Струшките џудисти освоија два златни и еден бронзен медал на Меѓународен натпревар во Бугарија

- Локални, Спорт
925

Џудо Клуб „ДРИМ“- Струга, на 23.11.2019 учествуваше на Меѓународниот натпревар „Локомотив” 2019 во Софија, Бугарија.


Во конкуренција од повеќе од 700 натпреварувачи од цела Европа ЏК Дрим освои три медали (два златни и еден бронзен).
Теодор Петкоски и Доријан Петкоски освоија злато, а АнаМарија Стојмиловска се закити со бронзен медал.


Јован Џероски, Давид Спороски, Божидар Јулоски и Давид Танаскоски не успеаа да се закитат со медали, но одлично се претставија на ова натпреварување.

Strugaonline

Facebook Коментари