Џудистите од џудо клубот Дрим од Струга освоија дваесет медали на Државното првенство за јуниори и помлади пионери што се одржа во Прилеп.
– Нашите џудо воини во јуниорска конкуренција дома донесоа 2 златни, два сребрени и два бронзени медали. Помладите пионери пак осигураа неверојатни 2 златни , 4 сребрени и 8 бронзени медали. Нивната посветеност и страст за џудото вистински ја покажаа на татамите.-информираат од џудо клубот ,,Дрим“.
Додаваат дека оваа неверојатна бројка на освоени медали не претставува само индивидуален успех на секој џудист поединечно, туку како што велат, ја отсликуваат силата на нивното џудо семејство.
Strugaonline
Facebook Коментари