Струшките џудисти со максимален учинок во Ниш, четворица учесници-четири медали

- Локални, Спорт
730
Четворица џудисти од Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга учествуваа на Меѓународниот натпревар ,,Младост Европе” во Ниш и секој од нив успеа да освои медал.
Златни медали во Струга донесоа Мила Стојмиловска и Елеонора Јосифовска, а со бронзи се вратија Катерина Клењоска и Давид Спироски.
Ова е само продолжување на максималниот учинок на струшките џудисти кои на сите натпреварувања во Македонија и надвор од нашите граници освојуваат медали.
Strugaonline

Facebook Коментари