Струшките кајакари во сабота ќе веслаат за лицата со ретки болести, иницијатор на настанот е хотел ,,Боград“

- Локални, Спорт
217

Под мотото „Весламе за ретките“,  струшките кајакари, ентузијасти и поддржувачи на лицата со ретки болести, во сабота на 4-ти септември ќе веслаат во водите на реката Црн Дрим и Глобочичкото Езеро.

Настанот е во организација и партнерство со струшкиот хотел „Боград“ и Спортскиот клуб „Соларис“.

,,Oвој настан го организираме со цел да допринесеме за будење на свеста кај граѓаните за сите потреби на лицата со ретки болести. Постојано треба да наоѓаме креативни начини да го кренеме гласот за лицата со ретки болести и пораката да стигне до сите, и до јавноста воопшто, но и до релевантните институции бидејќи за лицата со ретки болести, од клучно значење е навремената дијагностика и соодветното лекување. Овој настан го организираме по втор пат, годинава на повисоко организационо ниво, под мотото „Весламе за ретките“ – изјави за Strugaonline Г-дин Шериф Кадриоски, иницијатор на настанот и сопственик на хотел „Боград“.

Според најавите, ќе веслаат 30-тина кајакари меѓу кои и лица со ретки болести. Стартот е на плажата кај селото Враништа во 09:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари