Струшките триатлонци освоија осум медали на државното и меѓународно првенство во Дојран

- Локални, Спорт
340
Во силна конкуренција од околу 90 натпреварувачи од Македонија, Бугарија и САД, струшките триатлонци осовија осум медали на Државното и  меѓународно триатлон првенство што се одржа во Дојран.
,,Тија Кукунешоска освои бронзен медал во категорија кадети, Матео Мачоски освои сребро во категорија јуниори, во категорија мастерс Нела Стојаноска освои златен медал. Во категорија деца 2 бронзени медали освоија Марко Шаврески и Леонтина Џероска. Во категорија деца 1 Бисера Кутаноска освои сребрен, а Лара Татар бронзен медал. Во категоријата тимска штафета тимот составен од Матео Мачоски, Тија Кукунешоска, Никола Кутаноски и Блерта Хани освои бронзен медал“-информираше тренерот на клубот 3Дисциплини, Никола Кутаноски.

Facebook Коментари