Струшките триатлонци со одлични резултати на полумаратонот во Кавадарци

- Локални, Спорт
280
Триатлон клубот ,,3Дисциплини“ од Струга имаше успешен настап на шестиот полумаратон што се одржа во Кавадарци.  Нашите триатлонци освоија две први, две втори и две трети места.
Екипно на 5км клубот освои прво место и во машка и во женска конкуренција.
Миа Мачоска-прво место
Матео Мачоски прво место
Софија Кутаноска второ место
Тија Кукунешоска второ место
Стефанија Кутаноска-трето место
Марко Шаврески-трето место
,,Честитки и за Димитар Јовановски, Блерта Хани, Хади Исмаилоски, Виктор Опетчески,
Јован Кутаноски, Нела Стојанова, Матеј Јовчески, Стефче Милошески , Вања Мачоска и тренерот
Никола Кутаноски, кои успешно ја завршија трката,придонесоа за екипен пласман на прво место за 3Дисциплини и бележат подобрување на своите лични времиња.“-велат од клубот.
Нивниот следен предизвик ќе биде Интернационалниот пливачки Делфин куп што ќе се одржи во Скопје.
Strugaonline

Facebook Коментари