Струшките веслачи Шутиноски и Хиохи успешни на Меѓународната регата ,,Војводина Опен”

- Локални, Спорт
431

Веслачите  Леон Шутиноски и Александар Хиохи од ВК Црн Дрим Струга обезбедија пласман во две финални трки на Меѓународната регата  ,,Војводина Опен” што викендов се одржа во Паличко езеро , Србија.

-Во дисциплината дубл кадети Леон Шутиноски и Александар Хиохи беа први во квалификационата група , а во финалната трка беа на дофат на медал и завршија на одличното четврто место. Леон Шутиноски во дисциплината скиф пионери го освои шестото место во финалната трка , откако победи во својата квалификациона трка -информираат од клубот.

Додаваат дека на оваа регата, покрај ВК Црн Дрим како македонскиот претставник , настапиле и најдобрите клубови од Србија , Унгарија , Бугарија и Чешка .

-Станува збор за регата на која има силна конкуренција, а нашите веслачи достојно ја претставија нашата земја. Освен Шутиноски и Хиохи, на ,,Војводина Опен“ се натпреваруваа и  Ана Прентоска ,Климентина Стојмиловска , Кристијан Китаноски , Цвете Димоски  и Вања Кукунеш-соопштија од ВК Црн Дрим-Струга.

Натпреварувачите беа предводени од тренерите Владимир Голабоски и Никола Мариноски и претседателот на клубот , Здравко Голабоски .

Strugaonline

Facebook Коментари