Струшкото игралиште со нов лик за ракометниот турнир

- Локални, Спорт
874

Струга на големо се подготвува за Меѓународниот ракометен турнир  кој ќе се одржи  од 15-ти до 19-ти август. Успешни домашни и странски ракометни клубови за време на овие пет денови, Струга ќе ја направат вистински центар на спортските збиднувања.

Нашиот град ќе биде достоен домаќин и на висина на задачата. Токму за таа цел игралиштето на кое ќе се играат натпреварите доби нов лик кој можете да го видите на фотографијата. Овој спортски изглед ќе остане и после турнирот за потребите на РК Струга.

Од клубот исто така информираат дека наскоро ќе биде поставен лед-екран и игралиштето ќе потсетува како оние терени за лига на шампиони.

Нови детали за струшкиот турнир очекувајте наскоро на нашиот портал.

Strugaonline

Facebook Коментари