Стружанец претепан пред кафе-бар во Вевчани

- Локални, Хроника
1493

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе  кривична пријава против 20-годишниот С.А. од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

– На 9-ти јуни оваа година, пред кафе бар во Вевчани, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал 25-годишниот Б.П. од Струга и му нанел тешки телесни повреди.

извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари