Стружанец тешко повреден во сообраќајна незгода на патот Скопје-Граничен премин „Блаце“

- Локални, Хроника
618

На 7-ми февруари 2021 година, во 17:50 часот кај бензинска пумпа на магистралниот пат Скопје-Граничен премин „Блаце“, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од страна на 59-годишниот Х.С. од Република Косово и моторцикл „Хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот А.Б. од Струга. По незгодата А.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле константирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари