Стружанец украл бакарен кабел вреден 400 илјади денари

- Локални
916

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

– Во текот на јуни 2018 година во Струга на улицата „Муртеза Татар“ во зграда која била во фаза на изградба, пријавениот одзел 500 метри бакарен кабел во вредност од 400.000 денари, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари