Стружанец заработи кривична пријава за тешка кражба

- Локални, Хроника
723

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.К.(57) од Струга.

Во периодот јануари-март оваа година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во куќа на улицата „Стив Наумов“ во Струга. По извршеното пребарување по собите, одзел еден телевизор, повеќе парфеми, златен накит, комплети „ Сваровски“ и други предмети.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари