Стружанецот Христијан Миладинов најавува нова песна со наслов „Месечина“

- Локални, Музика
189

Младиот стужанец  Христијан Миладинов најавува нова песна. Сите љубители на македонската забавна музика ова лето ќе уживаат во потенцијалниот хит со наслов „Месечина“. Во време кога технологијата и социјалните мрежи се главна окупација на младите, „Месечина“ ќе биде јасна музичка порака дека надвор од виртуелноста, во реалноста и природата под месечината животот е убав!

Миладинов со музика се занимава повеќе од седум години. Свири гитара, клавир и тапани. Во текот на својата кариера има промовирано неколку авторски песни. Христијан има и свој бенд (Wild Swans). Во бендот членуваат: Димитар Трифуноски – гитара, Ѓорѓи Мангоски – тапани и Виктор Јолакоси- бас гитара.

Strugaonline

Facebook Коментари