Стружанецот Методија Столески ќе настапи на „Пирин фест 2019“

- Локални, Музика
1276

Младиот стружанец Методија Столески на 31-август ќе настапи на фолк-фестивалот „Пирин фест“ во Бугарија.

Песната се вика „Боже, ти благодарам“ и е авторско дело на Цане Петров (музика и аранжман) и Огнен Неделковски (текст).

На кастингот што се одржа во Софија, Столески освои второ место од стручното жири во силна конкуренција од 200 учесници. На кастингот Методија пееше на македонски јазик, а на фестивалот ќе ја изведе бугарската верзија на „Боже , ти благодарам.“

Методија Столески е најмлад учесник на „Пирин фест 2019“ , а воедно и најмлад естраден уметник во Македонија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари