Стружанката Реа Положани учествува на Балканскиот шампионат во карате во Црна Гора

- Локални, Спорт
391

Дванаесет годишната Реа Положани од Струга како член на карате репрезентацијата на Македонија учествува на Балканскиот шампионат во карате U12 што деновиве се одржува во Црна Гора.

Положани со карате се занима веќе три години, а досега има постигнато успешни резултати, како што се трето место на карате натпреварување во Хрватска и неколку први, втори и трети места на натпреварувања во Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари