Сугаревски: Се интензивираат градежните работи на автопатот Кичево-Охрид за да се испочитува рокот

- Локални, Македонија
1038

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

При посетата на терен, тој изврши обиколка на целата траса каде се одвиваат градежните работи.  Од разговорите со Надзорниот орган, се констатираше дека се надминуваат наследените проблеми поврзани со изградба на осумтте клучки и алтернативни патишта кои недостасуваа со претходниот проект, состојбата со изгрaдба на тунелот, изведбата на косините и обезбедување на свлечиштата.

Во изјава за медиумите, министерот Сугарески нагласи дека градежните работи се интензивираат и дека во наредниот период се очекува засилени активности на терен за да може да се испочитува рокот на изградба на автопатот до месец јуни, 2021 година.

Исто така тој потенцираше дека поради слабата реализација на овој проект што се јави како резултат на катастрофалните грешки во проектите, истиот има негативно влијание врз стапката на раст на градежниот сектор.

“Сите овие проблеми што ги спомнав за автопатот Кичево – Охрид, како и слабата реализација на терен од страна на компаниите, беа реална причина да има забавување  на работите на терен со што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на нискоградбата и генерално врз БДП-то.  Но градежните работи тргнуваат со позасилено темпо, на терен ги разрешуваме сите наследени проблеми, градежните компании ја акивираа својата механизација, така да силно сме уверени дека градежништвото ќе го вратиме на  посакуваниот правец а тоа се двоцифрени стапки на раст”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој нагласи дека во наредниот период очекува надминување на сите состојби на целата траса и да се продолжи со изградбата на овој капитален проект кој е од огромно значење за сите граѓани  се со цел да се испочитува рокот предвиден со Анексот на Договорот.

Автопатот Кичево-Охрид е со должина од 57 километри и проценета инвестиција од 374 милиони евра. Крајниот рок за изградба е 30 јуни 2021 година.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

Facebook Коментари