Супер купот на Македонија ќе се игра во Струга

- Локални, Спорт
823

Вториот Супер Куп на Македонија во ракомет во машка конкуренција е закажан за 18 август во Струга. Вардар како освојувач на двојната круна (првенството и купот) ќе игра натпревар против финалистот од Купот, а тоа е екипата на Металург.

Средбата е закажана за 21,15 часот на Отвореното игралиште во Струга.
Во периодот од 15 до 19 август во Струга ќе се одржи и традиционалниот меѓународен ракометен турнир, а РФМ реши годинава мечот од Супер Купот да се игра на отворено.

Вардар е победник на првиот Супер Куп што лани се одржа во СЦ „Јане Сандански”. Во тој натпревар Вардар го победи Еурофарм Работник со 30-25.

Извор и фото:rkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари