Светски познатиот виртуоз на хармоника Јуриј Шишкин наскоро во Струга

- Локални
1321

Во рамките на културниот форум Предание и континуитет – Струга 2018, на 3-ти август 2018, од 19:00 до 20:00 часот, во Фоајето на Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга, со целовечерен концерт ќе се претстави светски познатиот виртуоз на хармоника Јуриј Шишкин. Светската критика нетенденциозно го определува за еден од најдобрите хармоникаши на сите времиња. Тој е почесен професор на бројни универзитети ширум светот. Настапот во Струга е дел од неговата светска турнеја и му претходни на гостувањето во Кина. Влезот за концертот  е слободен.

Јуриј Шишкин е роден на 24 август 1963 година во градот Азов, Ростовската област.
Го завршил Ростовското уметничко училиште (1982), Ростовскиот музички педагошки институт(1989, денес конзерваторум С. В. Рахманинов) во класата на професорот, народен уметник на РФ, композиторот В. А. Семјонов, кому му бил асистент во Руската музичка академија Гнесини во Москва (1992).
Шишкин е лауреат на меѓународни натпревари во Германија (Клингентал, 1988), Америка (Канзас-Сити, 1990), Италија (Кастелфидардо, 1991). Во периодот од седумнаесеттата до дваесет и осмата година учествувал на десет натпревари на различно ниво, од кои победил на седум.
Јуриј Шишкин е меѓу најбараните музичари денес. Воодушевува не само географијата на неговите гостувања, каде се вбројуваат држави и континенти, но и виското ниво на програмата. Во неговиот репертоар има дела на Брамс, Прокофјев, Стравински, Римски-Корсаков, Чајковски, Бизе, Родриго, Шостакович, Штраус, Копланд, а исто така и дела на Кусјаков, Семјонов. Од делата со симфониски и камерни оркестри – музика на К. Вебер, Губајдулина, Гершвин, Пјацола.
Тој организира фестивали, концерти, и широко го афирмира бајанот и хармониката, одржува часови и мајсторски класи во најголемите градови на светот, гастролира ширум Русија, на меѓународни фестивали и натпревари.
Јуриј Шишкин е почесен претседател на Светската конфедерација на хармоникаши, и почесен професор на повеќе универзитети.

Strugaonline

Facebook Коментари