На 08.09.2024 околу 09 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во ограден плац каде имало барака, сопственост на М.К. од Струга, лоциран во „Струшкото поле” во близина на селото Мислешево, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
На 08.09.2024 во 10.42 часот, во близина на куќа во струшкото село Горно Татеши, сопственост на С.О.(50), од истото село, избувнал пожар. Притоа, изгорел дел од оградата, како и ниви во приватна сопственост, лоцирани околу локалниот пат во селото. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари