Tаеквондо клубот ,,Сонкал“ постигна одлични резултати на турнир во Зворник

- Локални, Спорт
232
Под покровителство на МТТФ, таеквондо клубот ,,Сонкал“ од Мислешево настапи во А класа турнир во Зворник БиХ. На гран-при турнирот во Зворник зедоа учество околу 450 натпреварувачи од 17 земји. Клубот ,,Сонкал“  настапи со четворица натпреварувачи и тоа :
Теодор Ѓорески – борби
Кристијан Гагалески – борби и тренерите Марио Крстески и Давид Крстески во форми (со замислен противник) и борби.
Теодор постигна многу добар резултат, освојувајќи го бронзениот медал. Тренерот Марио Крстески освои злато борби и злато форми.
Тренерот Давид Крстески освои злато борби и бронза форми.
,,Кристијан имаше солиден настап на овој турнир на кој се бореше сам против себе и против својот противник, затоа што излезе во борба со температура од 39,5 и не можеше да го покаже својот потенцијал.
Теодор за борба во финале го победи убедливо својот противник од Украина, но  за жал во дополнителната рунда не успеа да ги победи и судиите. Тренерите Марио и Давид на висина од својата задача како што им доликува.,,- стои во соопштението од ,,Сонкал“.
Strugaonline

 

Facebook Коментари