Техничар од ТВ Спектра почина од КОВИД 19

- Локални, Хроника
302

По кратко боледување , во 44-тата година од животот на клиничкиот центар 8 Септември во Скопје почина нашиот колега Беким Бајрамоски, техничар во Телевизија Спектра. – информираше вчера екипата на ТВ Спектра.

Бајрамоски е прв медиумски работник кој го загуби животот како последица од коронавирусот.

„Беше тивок и благороден човек и со својата добрина и срамежливост пленеше во својата околина. Беким зад себе остави бројни потписи и присуства зад многу настани и организации.

Секогаш беше на прва линија кога се организираа  разни манифестации, исламски, културни, спортски, и ред други.

Беше дел од организација на Фудбалскиот клуб Лабуништа, дел од организацијата на навивачката група Гмечери, дел од организацијата на турнири за мал фудбал, дел од организацијата на карете клуб Ерол натпревари, училишни манифестации …..Беким се залагаше и даваше се од себе за сите манифестации кои се организираа во нашето Лабуништа.“ – напиша за својот колега тимот на ТВ Спектра.

Извор и фото: ТВ Спектра

Facebook Коментари