Тешка сообраќајана несреќа синоќа во Охрид – загина моторциклист

- Локални, Хроника
753

Синоќа, во 18:30 часот, на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ во Охрид, се случи сообраќајна незгода во која загина едно лице, а е повредно уште едно.

– Во незгодата учествувале моторцикл марка „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од страна на 36-годишниот С.И. од Охрид, кој удрил во пешакот, 52-годишниот Р.С. од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од 58-годишниот Ф.Б. од Охрид. Во незгодата на самото место починало лицето С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С., кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари