Тешка сообраќајна несреќа кај Св. Еразмо-има повредени

- Локални, Хроника
969

Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево кај Св. Еразмо. Се судриле две патнички возила, кои излетале од патот.

Портаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ја потврдил информацијата за OhridNews. Тој истакнал дека во несреќата има повредени кои се пренесени во општата болница во Охрид и во специјалната болница Св. Еразмо. Засега не е познат карактерот на нивните повреди.

На местото на настанот во тек е увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Извор: ohridnews.com

фото: aрхива

Facebook Коментари