Teшка сообраќајна незгода кај с. Ложани, едно лице има тешки телесни повреди

- Локални, Хроника
392

Ноќеска, во 02:50 часот по полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга-Дебар, кај крстосницата за село Ложани.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишниот Ш.И. од струшко Ново село, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.Б. од село Велешта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари