ТППЕ Струга: Не постои опасност шумскиот пожар помеѓу Луково и Нерези да стигне до куќите

- Локални
957

Шумскиот пожар што пред неколку денови избувна и се шири помеѓу селата  Луково и Нерези се’ уште е активен. Од Територијалната противпожарна единица- Струга информираат дека нивните екипи веќе четврти ден се на терен и прават големи напори за ликвидација на истиот но потенцираат дека теренот е непристапен и дека временските услови не се соодветни за негова целосна ликвидација. Откако неколку медиуми објавија дека пожарот се шири и е можно да стигне до куќите во овие две села, од ТППЕ смируваат информирајќи дека не постои таква опасност.

Strugaonline

Facebook Коментари