Трета традиционална пензионерска средба по повод Денот на ослободувањето на Струга

- Локални
874

Триста пензионери од десеттина здруженија во хотел „Бисер“ го прославија 8-ми ноември, односно 74 години слободна Струга. Во прекрасна атмосфера беа обновени многу пријателства и се стекнуваа нови познанства. Пензионерите се дружеа и пее песни на македонски, албански, српски, влашки, ромски и други јазици. Ова беше одлична можност за повозрасните лица да заборават на грижите од секојдневниот живот и да ја почувствуваат мотивацијата за забава. Оваа прослава прерасна во мултиетничка средба со меѓусебно почитување.

На прославата присуствуваа пензионери од ЗП-Струга, Охрид и Дебарца, Дебар, Тетово, Ресен, Демир Хисар, Битола, Гази Баба од Скопје, како и Здружението на лица со инвалидност  од Охрид.

Според утврдената програма на ЗП Струга, делегациите најпрво положија свежо цвеќе пред споненикот на Револуцијата на плоштадот во Струга, а потоа поестија  многубројните културни објекти како што се : Спомен Домот на Браќата Миладиновци каде што е седиштето на СВП, Галеријата Ванѓел Коџоман, Природно-научниот музеј д-р “Никола Незлобински“,  црквата „Свети Ѓорѓија“ како и  пештерската црква посветена на Света Богородица.

Пензионерите и присутните беа поздравени од  актуелниот претседател на ЗП –Струга, Милорад Трпоски , кој меѓудругото истакна дека Активот на пензионерки предводен од Елисавета Лазареска , е многу активен во својата работа  и има целосна поддршка  од органите на здружението.

Прва добредојде и пријатна забава на пензионерите им посака потпретседателката  на Активот на пензионерки на ЗП Струга, Павлина Кузманоска, која накусо се осврна на триесет и три годишниното постоење на Активот и им подари на сите жени 74 каранфили во знак на 74 години слободна Струга.

Пред пензионерите зборуваше  г-н Милорад Трпоски кој на присутните им ги пренесе топлите поздрави од претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски и заложбите на сојузот за подобар стандарт на пензионерите  на сите полиња, а особено на подобрување на меѓугенерациската соработка ,активно стареење и соживот.

Oваа прослава беше во организација на Здружението на пензионери и Активот на пензионерки од Струга.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

Facebook Коментари