Третиот ракометен турнир „Енхалон КУП 2020“ ќе се одржи во јуни во Струга

- Локални, Спорт
825

Ракометниот Клуб „Енхалон“ од Струга ќе биде домаќин на третиот ракометен турнир „ЕНХАЛОН КУП 2020„ за млади категории до 16 години што ќе се одржи во период од 19-ти до 21-ви јуни.

За клубот приоритет се младите категории,на кој што мора да се посвети поголемо внимание доколку сакаме ракометот и понатаму да остане спорт бр 1 во Македонија. Ваквите турнири ќе овозможат да се истакнат млади играчи каде што ќе има и соодветна селекција. Нашата стратегија ќе се темели на тоа да се истакнат повеќе македонските играчи кои што ќе бидат репер за националните селекции.-велат од клубот.

Ракометниот клуб Енхалон врши и нови уписи на членови на возраст од 6-12 години.

Што се однесува до ракометот во светски рамки, потребни се промени и тоа што поскоро. За жал денес предност во ракометот имаат судиите и федерациите како најважен дел од самата игра. Мора да се менуваат правилата со што текот на самата игра би бил поатрактивен и побрз тоа ќе влијае повеќе на маркетингот секторот и привлекување на спонзори. Публиката е исто така важна,пред се играчите играат за неа и за себе самите а не за федерациите и судиите. Ракометниот клуб Енхалон е отворен за соработка со сите кои што му мислат добро на спортот и ракометот во нашиот град Струга. Време е нивото на соработка помеѓу клубовите да се подигне на повисоко ниво во интерес на спортистите и градот. –стои во соопштението од „Енхалон“

Strugaonline

Facebook Коментари