Три лица се повредени во сообраќајка на патот за Долна Белица

- Локални, Хроника
783

На 29-ти септември 2019 година, во 11:50 часот било пријавено дека на локалниот пат за струшкото село Долна Белица, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од струшкото село Велешта и патничко возило „Мерцедес“, управувано од 21-годишната Х.Л. од селото Октиси. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Х.Л., а со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари