Триатлон клубот од Струга со одлични резултати на интернационалниот куп „Власина триатлон“

- Локални, Спорт
653

Триатлон клубот од Струга овој викенд повторно со одлични резултати! На интернационалниот куп „Власина триатлон“ , а воедно и на државно првенство во Власина, Република Србија настапија тројца струшки членови на триатлон клубот. Никола Кутаноски освои прво и второ место, Бетим Ибра освои трето место во категорија од 30 до 40 години, а Давор Попоски освои четврто место во супер спринт, категорија од 12 до 14 години.

Поради преклопување на трките со календарот на Македонската велосипедска федерација, Димитар Јованоски не настапи во власина, но затоа освои второ место во апсолутна категорија пред голем број поискусни велосипедисти и прво место во категорија јуниори со предност од четири минути и 20 секунди пред второ-пласираниот јуниор. Со оваа трка, Јованоски се проби на првата позиција во генерален пласман за шампион на Македонија во велосипедизам.

Следни на календарот со трки се Балканското првенство во  Турција , европските купови во Белград и Загреб како и интернационалните купови во Шкодра и Бугарија, пред вистинскиот тест за оваа година, а тоа е гранд-при серијата од две трики во САД.

Strugaonline

Facebook Коментари