Триатлонецот Димитар Јованоски од Струга e севкупен победник на на првата трка од државното првенство во Триатлон на Македонија

- Локални, Спорт
1065

Триатлонецот Димитар Јованоски од Струга е победник на првата трка од државното првенство во Триатлон на Македонија.

Во конкуренција од 104 натпреварувачи Димитар освои прво место-севкупен пласман и прво место во категорија јуниори.

,,Овој успех е многу значаен за мене како тренер и за Димитар како натпреварувач, пред се затоа што во категорија пливање имавме мининални услови за тренирање. Користевме хотелски базени и тоа краток период, и покрај тоа Димитар успеа да освои севкупно прво место. Благодарен сум на Триатлон федерацијата што ни излезе во пресрет и го финансираше тренирањето во хотелските базени.  Што се однесува до велосипедизмот и трчањето, имаме интензивни тренинзи, а резултатот е очигледен. Горд сум на ова достигнување“- изјави за Strugaonline Никола Кутаноски, тренер на Димитар.

Кутаноски информираше дека следната трка која е многу значајна ќе се одржи во Австрија од 18-ти до 20-ти јуни.

Toj додава дека е пресреќен од постигнатото и на другите учесници од Струга, на кои исто така им е тернер.

-Имаме и прво место во категорија кадети кое го освои Олса Орани, трето место постари пионери освои Тија Кукунешоска и второ место во категорија помлади пионери Јован Кутаноски. Морам да напоменам дека овие деца овој и други успеси постигнаа без ниту еден ден поминат во вода!,, -потенцира Кутаноски

Следната трка од државното првенство во Триатлон на Македонија ќе се одржи во септември во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари