,,Трка на поезијата“ ќе се одржи и годинава, организаторите на средба со градоначалникот

- Локални, Спорт
554
И оваа година, односно на 22 мај 2022 година градот Струга ќе биде збогатен со голем спортски настан. Ќе се одржи второто издание на спортската манифестација ,,Трка на поезијата“.
Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко денеска оствари средба со претставниците на проектот,,Трка на Поезијата“.
,,На состанокот се дискутираше за спортскиот настан, кој ќе се одржи на 22 мај во град Струга. Овој настан е од големо значење за градот и околината затоа што оваа година настанот е интернационелен , ќе учествуваат голем број на гости не само од државата туку и од регионот.
Целта на овој настан е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. Преку трката на поезијата, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја така и од другите држави.,,-соопштуваат од Општина Струга.
Слоганот на овој настан е: ,,Трчаме рецитираме“ и дава креативна релација помеѓу спортот и она што е препознатливо за овој град, а тоа е поезијата.
Настанот е збогатен со две трки и тоа: Трка со должина од 5км која ја нарекуваме трка од рекреативен карактер; трка со должина од 10км која е трка од натпреварувачки карактер и
детска трка со должина од 1км.

Facebook Коментари