Ученици од СОУ „Нико Нестор“ освоија второ место на Државен натпревар за бизнис концепти

- Локални
1809

Денеска во Скопје се одржа финалето од државниот натпревар за бизнис концепти во организација на „Македонија 2025.“  На истиот, победи тимот од Скопје, а учениците од СОУ „Нико Нестор“-Струга  го освоија второто место. Нашите ученици се претставија со производот VR edu, виртуелна реалност имплементирана во образованието.

Овој државен натпревар се одржуваше во повеќе фази.  Во првата фаза се праќаше апликација за иновации и учесници беа над четриесет училишта од Македонија. Од нив беа избрани шеснаесет полуфиналисти меѓу кои и училиштето „Нико Нестор“.  Полуфиналето се одржа на 03.11’2018 на Машински факултет во Скопје каде беа избрани  осум финалисти меѓу кои и  тимот на „Нико Нестор“ кои денеска постигнаа голем успех освојувајќи второ место.

Meнтори на струшкиот тим на ученици беа : Елена Матоска Апостолоска, Елена Мреношка и  Светлана Ѓуроска. Од Струга учествуваа учениците: Георгина Ристеска, Петар Лекоски Ана Наумоска и Даниела Мурџеска

Strugaonline

 

Facebook Коментари