Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ во посета на Општина Струга

- Локални
1095

Вчера, во посета на општина Струга беа учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“- Струга. Тие беа пречекани од страна на градоначалникот, г. Рамис Мерко.

Учениците имаа можност да се запознаат со работата и  функциите на општината, исто така беа во можност да се информираат и за идните проекти на општината за јавни услуги, образование, зелени површини, управување со отпад, водоснабдување и сл. Меѓудруго,  учениците имаа подготвено и песни посветени на неуморната работа  на градоначалникот на општина Струга.

На овој состанок, учениците беа придружeни од нивните наставнички и заменик директорот на училиштето.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари