Течат подготовките за еден од најстарите турнири на Балканот, тоа секако е Меѓународниот турнир „Струга“ кој годинава ќе се одржи во период од 15-ти до 19-ти август. РК Струга успешно ги финализира подготовките. Во таа насока новото издание на струшкиот турнир ќе има ново лого. Организаторите одлучија дека новото лого треба да го изберат граѓаните и љубителите на ракометот од нашиот град. За да учествувате во овој избор, се што треба да направите е да ја отворите Facebook страницата на „Меѓународен турнир Струга “, на истата имате три понудени решенија за лого, во коментар можете да гласате за заедно да го одбереме најдоброто лого кое му доликува на ракометниот турнир кој е еден од најочекуваните настани во Струга секое лето.
Strugaonline
Facebook Коментари