УСПЕШЕН НАСТАП НА СТРУШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА 16-ТА РЕГИОНАЛНА РЕВИЈА НА ПЕСНИ, МУЗИКА И ИГРИ

- Локални
1570

Во прекрасниот амбиент на сцената во Домот на културата во Македонски Брод, во саботата,  28 април , во организацција на  СЗПМ,се одржа 16-та Регионална ревија на песни, музика и игри, на која прозвучија прекрасни рефрени од народни,староградски и изворни песни  и ора, со богат колорит на носии карактеристиични за поднебјето на учесниците.

На оваа најмасовна пензионерска културна манифестација на ЗП од Осмиот регион настапија учесниците  од здруженијата на пензионери од Струга,предводени од претседателот на здружението Милорад Трпоски, а под раководство на професорот по музика Стијче Дејкоски, Охрид и Дебарца, Гостивар, Кичево, Дебар и Центар Жупа и Македонски Брод како домаќин.

Најнапред,  на учесниците и гостите им се обрати претседателот на Здружението – домаќин, потоа ги поздрави градоначалникот на општина Македонски Брод.

На присутните им се обрати и  Салтир Каровски, претседател на ИО на СЗПМ.

Се нижеа ѓердан од песни,музика и игри. На крајот,претседателот на Комисијата за културно-забавен живот  Мендо Димоски, им врачи благоарници на здруженијата учесници, а ревијата заврши со средба и дружење во ресторанот „Чардак“.

текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари