Успешна фитнес година со Форма вита!

- Локални, Спорт
823
Спортскиот цента Форма вита ја оствари својата цел за годинава што изминува- создаде место каде што луѓето чувствуваат позитивна енергија. 

Форма вита е местото каде што луѓето секој ден се трудат да бидат подобри од вчера. Постигнатите фитнес резултати нека бидат  мотив за поставување нови цели.

Најголем успех за тимот на овој спортски центар е радоста и успехот на нивните чченови.

„Изимнатава година имавме успешно остварување на нашата мисија. Со воведување на нови видови на тренинзи и одржување на енергијата успеавме да ги исполниме целите за 2019.
Промената на тренинзите со фитнес инструктор Билјана Стојаноска се покажа
како многу ефективно.“ – велат од Форма Вита.

-Мојата најголема инспирација оваа година беа почетоците, трудот и успесите на повозрасните и оние што никогаш не се занимавале со физичка активност . Резултатите, пред се подобрување на здравствена и физичка подготвеност е нашиот заеднички почеток кон поголеми успеси -изјави Мими од Форма вита.

Оваа година беше одбележана со забавен предновогодишен тренинг. На сите членови како знак на благодарност од Форма Вита им беа доделени признанија за вложениот труд, како и неколку скромни награди.

Спортски центар Форма Вита упатува голема благодарност до сите членови за довербата. Во очекување на уште поуспешна 2020 година.

Strugaonline

Facebook Коментари