Успешна приказна на стружанките Билјана и Викторија – од Струга стигнаа до „Харвард“

- Локални
1824

На конференцијата на „Харвард“  учествуваа над 400 учесници од 75 различни држави, кои презентираа научни трудови. Дел од нив беа и Билјана и Викторија Чавкоски

Билјана е универзитетска професорка, а Викторија е дипломат. Израснале во Струга и од мали покажувале огромна желба за учење, а подоцна особено за правото и меѓународните односи. И двете сестри дипломирале на Правниот факултет како најдобри во својата генерација, а докторирале на насоката за меѓународно право и политика. Но, за еден од најголемите успеси го сметаат нивното учество на конференција на престижниот „Харвард“ во јуни.
 „Харвард“ е фантастичен, а искуството незаменливо.
Поводот за посетата на Правниот факултет на Универзитетот „Харвард“ била меѓународната конференција на тема „Правото во глобалната политичка економија – различностите денес“ во организација на Институтот за глобално право и политика.
– На конференцијата учествуваа над 400 учесници од 75 различни држави, кои презентираа научни трудови. Конференцијата беше организирана во 89 паралелни сесии, мини-конференции и промоција на книги. Досега ова е најголемата и најзначајната конференција на која сме имале можност да присуствуваме. За време на конференцијата јас презентирав научен труд, а мојата сестра, д-р Викторија Чавкоска, беше избрана за модератор на неколку панели – вели проф. д-р Билјана Чавкоска.
И двете велат дека Универзитетот „Харвард“ е како што очекувале – фантастичен, а искуството е незаменливо.
– Учеството на конференцијата ни донесе многубројни учества на меѓународни конференции и посети на други правни универзитети низ Европа, како Лисабон, Малта, Рим, Кипар, Хебрејскиот универзитет во Израел. „Харвард“ е несомнено најдобриот универзитет што сме го посетиле. Се работи за огромен комплекс, со многу згради, многу зеленило, нешто што недостига на македонските универзитети, фитнес-сали, терени за одбојка и студентски дом во непосредна близина. Внатрешноста на дел од објектите е толку средена, што добивате впечаток дека се наоѓате во некој хотелски комплекс, а не на универзитет. Сме биле во многу познати кампуси во светот, но „Харвард“ ни ги освои срцата – вели Викторија за порталот fakulteti.mk
Билјана додава дека задоволството од учеството на вакви конференции е многу големо бидејќи споделуваат размислувања и знаења со други колеги од светот.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.
Извор и фото: fakulteti.mk

Facebook Коментари