Утре езерско дерби помеѓу ГРК Охрид и РК Струга

- Локални, Спорт
102

Во сабота, на 4-ти декември во рамките на 13-то коло од Суперлигата ќе се игра Езерското дерби помеѓу ГРК Охрид и РК Струга.

Натпреварот ќе започне во 19:00 часот, а ќе се игра во спортската сала ,,Билјанини извори“.

Дозволено ќе биде присуство на гледачи до исполнување на 50% од вкупниот капацитет на салата. За влез ќе биде задолжително носење на заштитна маска, како и сертификат/потврда за извршена имунизација со две дози или сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена.

Strugaonline

Facebook Коментари