Утре во Охрид започнува фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“.

- Локални
787

0д 23-ти до 27-ми јуни во Охрид ќе се одржи второто издание на фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“. Овој фестивал кој се очекува да прерасне во традиција свечено ќе биде отворен во сабота во 20:00 часот на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид. Непосредно после отворањето, концерт ќе одржи  Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франц.

Освен на сцената на Долни Сарај, изведби во склоп на фестивалот ќе има и на други локации низ градот, за кои организаторите од  Здружението на граѓани „Артвивенди 2016“ дополнително ќе информираат. Преку овој фестивал, се создава атмосфера за културно зближување на Република Македонија и Република Словенија

Извор: ОхридПреc\Strugaonline

 

Facebook Коментари