Утре во спортската сала Нико Нестор во Струга ќе се одигра меморијален натпревар во кошарка во чест на Здравко Танески – Здравче.
Натпреварот е помеѓу екипите на К.К. ЦРН ДРИМ 007 од Струга и Г.К.К.ОХРИД од Охрид и ќе се игра со почеток од 17:00 часот .
Целта на овој спортски настан е да се зачува споменот за ликот и делото на Танески кој беше поранешен кошаркар во клубот „Црн Дрим“-Струга и поранешен кошаркарски судија.
Facebook Коментари