Утревечер започнува 56-от Балкански фестивал на народни песни и игри

- Локални
893

 Со концерт на Ансамблот „Танец“, утревечер на летната сцена Долни Сарај ќе биде отворено 56-то издание на најстарата фолклорна манифестација на Балканот , Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Почетокот на концертот е закажан за 20.30 часот, а ќе му претходи фолклорно дефиле на учесниците низ центарот на Охрид.

Годинава ќе настапат ансамбли од Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Австралија. Од домашните ансамбли ќе настапат „Отекс“ и „Пирамида“ од Охрид.

Балканскиот фестивал ќе трае до недела, почетокот на сите настапи ќе биде од 20:30 часот.

Во изминативе години на Балканскиот фестивал се презентирани околу 50.000 пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико Малезија, Коста Рика, Нигерија и други

Влезот како и секоја година ќе биде слободен.

Извор: ОхридПрес\Strugaonline

Facebook Коментари