Ватерполо турнир „Охрид 2019“ викендов во Охрид

- Локални, Спорт
939

Во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре (сабота
07.09.2019 година) на Градското пристаниште во Охрид, со почеток во 12:00 часот
ќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, и од 11:00 часот во
недела.

„Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да се развие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.“-велат од Општина Охрид.

Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како и од ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.

Strugaonline

Facebook Коментари