Вечерва познатата манифестација „Мостови“ во рамките на СВП

- Локални
766

Претпоследниот ден од овогодинешните 57-ми „Струшки вечери на поезијата“ започна со излет до манастирот Св. Наум со брод и посета на изворите на реката Црн Дрим.  Во 13:00 часот следува поетско читање во Предворјето на манастирот Св. Наум. Во 15:30 часот ќе биде прогласена најдобрата песна посветена на виното, а половина час подоцна е планирано враќањето во Струга со брод и поетско читање.

Во 20:30 часот ќе се одржи познатота манифестација „Мостови“ која опфаќа меѓународно поетско читање  и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.

На полноќ, ќе биде прогласен добитникот на наградата „Енхалон“.

Strugaonline

Фото: архива

 

 

 

 

 

Facebook Коментари